20.02.2002 - 31.12.2005
Развој на претприемништво и МСП во ЈИ Европа

Проект за развој на претприемништво и МСП во ЈИ Европа
Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ продолжува со реализација
на проектот: "Development of SMEs and Enterpreneurship in SE Europe". Проектот е поддржан од пактот за стабилност на ЈИ Европа, CEI, Министерството за Економија на РМ и изворно се состои од следниве подпроекти:
-
Business co-operation network -BCN (Мрежа на
деловна соработка),
-
Претприемачки тренинг,
-
Твининг поврзување на региони
Подпроектот BCN (Мрежа на деловна соработка) подразбира формирање и оперативно работење со база на податоци за малите и средните претпријатија (МСП) и размена на информации во делот на понуда и побарувачка во деловната soработка. Тоа практично претставува формирање на берза на понуда и побарувачка на МСП во регионот на поранешна Југославија и пошироко.
Основната цел на работа на оваа берза е да се остварат што поголем број на деловни поврзувања (т.н. matching ) помеѓу стопанските субјекти во регионот.
Заклучно со Декември 2004 година на Берзата се пријавени преку 2000 претпријатија од регионот, кои можете да ги пребарувате на следната адреса www.borza.org .
Базата на податоци е во функција на :
-
понуда и побарувачка
-
можности за соработка во производство, трговија и промоција,
-
спојување и откупување фирми,
-
податоци за слободни деловни капацитети,
-
франшизно и лиценцно работење
Кај секој од партнерите на овој проект формирани се центри за деловна соработка (BCN). BCN - Скопје е формиран како посебна организациона целина во рамки на организациската структура на АППРМ.
Основна цел на BCN - Скопје е да допринесе за зголемување на билатерална и мултилатерална трговска соработка помеѓу МСП од регионот (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово).
Преку BCN - Скопје се создаваат можности за обновување на прекинатите и воспоставување на нови деловни врски со МСП од земјите во регионот кое ќе придонесе за остварување на економски и социјален напредок во земјата.
Во рамките на овој проект, за време на меѓународниот саем во Цеље 2004 година беа организирани бизнис средби за претпријатија од регионот. На овие средби од вкупно 250 претпријатија од 12 земји, учество зедоа и 14 компании од Р.Македонија кои остварија преку 100 бизнис средби.
Приоритет на BCN - Скопје е обезбедување на општи податоци за националната економија, градење бази на податоци за можности за соработка помеѓу МСП во регионот.
Во рамките на подпроектот "Претприемачки тренинг" според програмата за работа 2002–2004 година од Република Македонија на разни семинари и обуки беа вклучени учесници од Агенцијата за развој на МСП, Регионални центри, инкубатори како и претприемачи.
Во октомври и ноември 2004 година, вклучувајќи реномирани предавачи од Словенија, во Агенцијата се организираа два семинара и една работилница. Првиот семинар на тема “Организација на работењето и воспоставување стандарди на квалитет за прет-пријатието” се однесуваше на сопствениците, менаџерите и консултантите на малите и средни претпријатија со цел подобрување на организационите способности и воспоставување стандард на квалитет во работењето.
Вториот семинар на тема “Претприемачко деловно и стратешко планирање” се однесуваше на потенцијалните претприемачи, претприемачите во малите претпријатија, како и консултанти на мали претпријатија со цел анализа на работењето, на потенцијалите на претпријатието и на неговите стратешки можности.
На семинарите учество зедоа повеќе од 50 претприемачи од Македонија кои се здобија со соодветни сертификати.
Работилницата на тема “Ваучерски систем на советување” претставуваше извонредна можност за пренесување на успешното словенечко искуство во поддршката на малите и средни претпријатија по пат на користење субвенционирани советодавни услуги.
Подпроектот ” Твининг поврзување на региони ” подразбира трансфер на знаење и технологија помеѓу региони од Словенија и партнерите во овој проект. Од словенечка страна оваа година одбран е регионот на Цеље, а од македонска страна одбрани се регионите на Тетово и Битола.
Првите средби помеѓу партнерите се реализираа во ноември 2004 година и во 2005 година се очекува реализација на договорените активности со крајна цел поврзувања на претпријатијата од регионите на Цеље со одбраните региони од Македонија.
Услугите на BCN - Скопје се достапни за новите претприемачи како и за постојните претпријатија. Во таа смисла, сите заинтересирани претприемачи и МСП се упатуваат да се јават
во:
- АППРМ, Никола Вапцаров 7 Скопје; тел: (02) 3120 132 факс: (02) 3135 494;
e_mail: apprm@apprm.gov.mk
Се надеваме дека ќе ја искористите можноста да преку ПРИЈАВА ЗА BCN учествувате во берзата и го развиете вашиот бизнис.
Досега пријавените компании можете да ги погледнете на следниот линк :
Листа на компании кои се пријавиле за учество во B C N - проектот преку АППРМ
врв на страната