Почитувани,



      Во функција на успешно спроведување на политиките и програмите за вработување предвидени со Програмата за работа на Владата на Република Македонија, кои имаат за цел намалување на невработеноста, подобрување на вработливоста на невработените лица и јакнење на конкурентноста на економијата, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година вклучува програми и мерки за вработување кои имаат за цел активација на пазарот на трудот и креирање на работни места преку стимулирање на побарувачката на пазарот на трудот, усогласување на понудата и побарувачката на работна сила согласно со потребите на пазарот на трудот, подобрување на понудата на работната сила, како и намалување на сивата економија.

      Улогата на АППРМ, во реализација на мерката самовработување е посебно изразена во делот на изработката на одржливи бизнис планови, што се реализираат преку овластени консултанти вклучени во Националниот Каталог на консултанти при програмата за Ваучерско советување.

      Програмата за самовработување се реализира и со поддршка на Регионалните центри за претприемништво кој на регионално/локално ниво, по насоки и упатства дадени од АППРМ, го спроведуваат Оперативниот План.

      Со цел поголема транспарентност и олеснување на спроведливоста на постапките во делот на одбирање на локации на настани и избор на советници од страна на невработените лица, почнувајќи од оваа година од страна на АППРМ и УНДП се подготви соодветно софтверско решение.





     Самовработување 2017
            Проектен тим
© Самовработување - 2017