Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Вести
 

ЈАВЕН ПОВИК за спроведување на стандардизирани менторски услуги

ЈАВЕН ПОВИК

 за спроведување на стандардизирани менторски услуги

Јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија - АППРМ, наменети за микро, мали и средни претпријатија во 2018 година. Истата се спроведува преку овластени ментори, кои работно се ангажирани во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП, а се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и МСП.

Стандардизираните менторски услуги наменети за горе наведените претпријатија, имаат за цел  поддршка и несметан развој на истите, како и намалување на бројот на неуспешните деловни субјекти, преку обезбедување на сеопфатна и навремена поддршка.

Процесот на менторирање се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и јапонскиот модел на менторство. Методологијата одредува чекори во процесот на менторирање кои стручно лице – Овластен ментор ги спроведува преку одреден број на часови (50 по корисник), и тоа во директна соработка со сопственикот и/или правниот застапник/менаџментот на субјектот. Менторот и менторираниот деловен субјект заеднички го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните проблеми или пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и врз основа на идентификуваната состојба го подготвуваат планот за развој.

Методологијата на стандардизирани менторски услуги јасно ги дефинира сите чекори и активности во спроведувањето на истите (управување, теренска работа, бројот на посети, активности во контекст на секоја посета, часовите распределени за подготовка на планови и известување) преку водичи: Прирачник за општо разбирање на менторството, Прирачник за менторство на зрели претпријатија, Прирачник за менторство на ново-основани претпријатија.

СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

• Дијагностицирање,со цел да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа деловниот субјект

• Помош при подготовка на развојни активности / планови / проекти со цел да се постигнат целите на деловниот субјект;

• Консултации и координација за пристап до финансиски средства, нови технологии, консултантски услуги и сл., со цел да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето;

• Помош за подготовка на кредитни апликации кај банките и програми за поддршка за МСП;

• Помош во спроведувањето на развојните активности / планови / проекти;

• Помош при изнаоѓање деловни партнери;

• Помош при добивањето на потребните информации;

• Консултации;

• Советување / тренинг;

• Упатување кај соодветни специјализирани консултанти.

Услугата се однесува на бесплатно менторирање на микро, мали и средни претпријатија, кои биле деловно активни во последните три години или се наѓаат во критичен момент за нивниот натамошен развој или опстанок на пазарот.

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријави во две категории:

• ново-основани претпријатија - не постари од 3 години од денот на објавувањето на Јавниот повик;

• зрели деловни претпријатија - регистрирани пред јуни 2015 година;

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик за обезбедување менторски услуги имаат:

1. Микро, мали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:

• регистрирани се на територијата на Република Македонија со доминантно домашен капитал;

• ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси)

• не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа / лотарија.

АППРМ ќе ја отфрли секоја пријава доколку при оценувањето, изборот или склучувањето на Договорот утврди дека Подносителот:

         поднел некомплетна пријава

         не ги содржи бараните документи, кои се предуслов за учество на Јавниот повик

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат до 15 ноември 2018 година.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

1. За ново-основаните претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавувањето на јавниот повик:

·       Пополнета пријава – Образец 1;

·       Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)

·       Биланс на состојба и Биланс на успех за 2017 година (копија)

 

2. За постојни претпријатија, кои се регистрирани пред јуни 2015

·         Пополнета пријава – Образец 1

·         Извод од регистрацијата на субјектот (копија)

·         Биланс на состојба, Биланс на успех и за 2017 година (копија).

АППРМ го задржува правото да побара, доколку е потребно, од Подносителот и  дополнителна документација, но ислкучиво врзано за целите на  поднесување на Пријавата.

 НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавите со сите придружни формулари и документација се доставуваат лично или препорачано  до Регионалните Центри наведени подоле, со забелешка: Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2018 година.

Регионален Центар Скопје

Фондација за развој на

мали и средни претприемништва

ул. Мирче Ацев бр.4. (Работнички универзитет – канцеларија 48), 1000 Скопје

Лице за контакт: Благојче Трифуновски

Тел/факс: (02) 3239 053

Мобилен: 078 228 529

E-mail: recs@recs.org.mk  

Регионален Центар Велес

Фондација за поддршка на

мали и средни претпријатија

ул. 11-ти Октомври бр. 8

1400 Велес

Лице за контакт: Анита Самарџиева

Мобилен: 075 326 667

E-mail: rcve@t.mk 

 

 

Регионален Центар Битола

Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка

Бул. 1 Мај бб, 7000 Битола

Лице за контакт: Мирјана Цветковска

Тел/факс (047) 202 420

Мобилен: 075 539 093

E-mail: rcbt@t.mk

Регионален Центар Струмица

Фондација за развој на

мали и средни претпријатија

ул. 11 Октомври бб (блок 87)

2400 Струмица

Лице за контакт: Марија Ташева

Тел/факс: (034) 349 320

Мобилен: 071 201 068

E-mail: rcsr@t.mk

 

 

Регионален Центар Куманово

Фондација за развој на

мали и средни претпријатија

ул. Илинденска бб, 1300 Куманово

Лице за контакт: Игор Георгиев

Тел/факс: (031) 416 102 Мобилен: 075 651 790

E-mail: razvojku@t.mk

ЕСА Охрид

Фондација за поддршка на претпријатија

Булевар Туристичка бб  (п.фах 129)

6000 Охрид

Лице за контакт: Мимоза Поповска

Мобилен: 070 391 664

E-mail: esaoh@t.mk 

 

 

ЕСА Тетово

Фондација за поддршка на претпријатија

Илинденска бб (Блок 87)

1220 Тетово

Лице за контакт: Неби Јусуфи

Тел/факс:    (044) 350 960

Мобилен: 070 329 256

E-mail: esate@t.mk  

 

 

 

Образецот 1 – Пријава можете да превземете на СЛЕДНИОТ ЛИНК 

Јавниот повик е отворен до 16 јули 2018 година

Подетални информации можете да добиете во горе наведените Регионални Центри или во АППРМ на електронска адреса: mentoring@apprm.gov.mk како и на интернет страната на АППРМ: www.apprm.gov.mk

или

На телефонските броеви: 075 444 092 - Маја Тасева; 075 204 371 - Елеонора Божиновска

назад    врв на страната

© AППРМ, 2005