Агенција за поддршка на претприемништвотоEnglish Version
Агенција за поддршка на претприемништвото
почетна странамапа на сајтот
пронајди
Агенција за поддршка на претприемништвотоЗа НасПроектиМСПДокументиКонтактЛинкови
 
Вести
 

ЈАВЕН ОГЛАС за избор на директор на АППРМ

АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

            Врз основа на член 12 став 2 и став 3 алинеја 1, алинеја 2, алинеја  3 и алинеја 4 од Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија бр.60/03, 161/09 ,171/10 , 41/14 и 64/2018), Управниот одбор на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија објавува,

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на директор на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија

 

За директор на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија (во понатамошниот текст :АППРМ) може да биде избрано и именувано  лице  кое ги исполнува следните услови:

1) е државјанин на Република Македонија; 
2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда
да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 
4)има најмалку пет години работно искуство, од кои најмалку три години работно искуство на раководно место; 


Јавниот оглас трае 15 дена од денот на објавувањето.

Кон пријавата кандидатите треба да достават:

-кратка биографија (CV)

-уверение за државјанство

-уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадено од надлежен орган(не постаро од 6 месеци)

-диплома и уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

-потврда за претходно работно искуство

-потврда за работно искуство од најмалку 3 години на раководно место

 

Потребната документација кандидатите се должни да ја достават во оригинал или фотокопија заверена на нотар на следната адреса:

Агенција за поддршка на претприемништво на Република Македонија

ул.Кеј Димитар Влахов бр.4 (приземје) 1000 Скопје

(со назнака за јавен оглас)

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена , сметано од денот на објавувањео на јавниот оглас(не сметајќи го денот на објавување)

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Управниот одбор на АППРМ.

 

 

 

 

 

назад    врв на страната

© AППРМ, 2005