Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

МСП Опсерваторија

ПОЧЕТНА МСП Опсерваторија

МСП Опсерваторија

МСП Опсерваторија

Секторот на мали и средни претпријатија опфаќа  над 98% од вкупниот број на активни стопнаски субјекти и со тоа игра улогa на движечка сила на вкупната стопанска активност на земјата. Од аспект на својата големина и фелксибилност малите и средни претпријатија го претставуваат најдинамичниот, но во исто време и најчувствителниот сегмент во структурата на стопанството чии што перформанси директо и објективно ги рефлектираат општите состојби во економијата на земјата. Од таму креаторите и носителите на политиките и развојните стратегии за МСП им е непоходен механизам за систематско следење и оценка на состојбите во секторот кој понатаму ќе им помогне во донесувањето на соодветни решенија и мерки во корист на развојот на МСП. За таа цел, во 2004 година во рамките на проектот “Поддршка на политиките на Министерството за економија“, финансиран од Европската Агенција за Реконструкција , беше воспоставена Опсерваторијата за МСП во Македонија, која денес работи во состав на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Опсерваторијата ја има целосната поддршка на Министерството за економија на Република Македонија, а особено на Секторот за поттикнување на претприемништвото, со што поддршката на малото стопанство согласно четиригодишната програма на Владата и Повелбата на Европската Унија за развој на МСП добива соодветно место во вкупните заложби на земјата за постигнувањето на општа економска стабилност и развој. Со ова Република Македонија е единствената земја во регионот, со исклучок на Словенија, која во својата институционална инфраструктура за поддршка за малото стопанство има Опсерваторија за МСП и ќе изготвува комплексни периодични и годишни извештаи. Со тоа Владата на Република Македонија ќе располага со релевантни и компаративни показатели и анализи за состојбата на секторот.

МСП Опсерваторија Извештај 2022.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2021.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2020.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2017.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2016.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2015.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2014.pdf 

МСП Опсерваторија Извештај 2013.pdf 

МСП Опсерваторија Извештај 2009.pdf 

МСП Опсерваторија Извештај 2008.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2007.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2005.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2004.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2003.pdf

МСП Опсерваторија Извештај 2002.pdf