Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Издавање на фактури за невработени лица

ПОЧЕТНА Издавање на фактури за невработени лица

Издавање на фактури за невработени лица

Во случај на корисници на услуги (невработени лица), кои имаат право на 100% субвенција на трошоците на услуги во програмата, советодавното претпријатие доставува фактура, која гласи на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија. Се разгледуваат само потполни фактури, односно, фактури кои се испоставени согласно Законот за данок на додадена вредност, имаат наведен број на ваучер и ги имаат сите задолжителни прилози:

1. Потврден оригинален ваучер (потпишан од страна на советникот-организатор, советникот и корисникот на советување потврден со печат кој е задолжителен ако правното лице го користи во своето работење),

2. Оригинален извештај за работата на советникот во случај на претприемачко советување, или програма за оспособување во случај на ваучер за групно советување (Прилог 12 од Упатство) односно, оспособување кој го содржи датумот, содржината и цената на оспособувањето,

Образец: Извештај за работата на советникот (.doc) 

                   Извештај за работата на советникот (.pdf)