Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Слободен пристап на информации од јавен карактер

ПОЧЕТНА Слободен пристап на информации од јавен карактер

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Основни поими

  • „Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.
  • „Информација од јавен карактер“ е информација во  која било фирма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.
  • „Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Исклучок од слободен пристап до информации

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

  1. информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;
  2. личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
  3. информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;
  4. информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;
  5. информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;
  6. информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;
  7. информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина и
  8. информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

 Барање за пристап до информации од јавен карактер 

  Извештај 2019
 
  Извештај 2020

  Извештај 2021

  Извештај 2022

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер

Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. Службено лице за посредување со информации на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија е:

Маја Петрова

телефон +389 2 3120 132, локал 105

e-mail:  mpetrova@apprm.gov.mk 

Адреса на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија:

Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје