ЈАВЕН ПОВИК - Стандардизирани Менторски Услуги

Објавено на - март 13 , 2023
   

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата на бесплатна деловна подддршка - Стандардизирани менторски услуги во 2023 година

 

Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија – АППРСМ во 2023 година, во која се обезбедени средства за спроведување стандардизирани менторски услуги наменети за мали и средни претпријатија (МСП).

Услугата се спроведува преку овластени ментори, кои работно се ангажирани во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП, а се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и МСП.

Стандардизираните менторски услуги имаат за цел  поддршка и несметан развој на истите, како и намалување на бројот на неуспешните деловни субјекти, преку обезбедување на сеопфатна и навремена деловна поддршка.

Процесот на менторирање се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и јапонскиот модел на менторство. Методологијата одредува чекори во процесот на менторирање кои стручно лице – Овластен ментор ги спроведува преку одреден број на часови (25 часа за почетни и 50 часа за зрели претпријатија-корисници), и тоа во непосредна соработка со сопственикот и/или правниот застапник/менаџментот на субјектот. Менторот и менторираниот деловен субјект заеднички го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните состојби и пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и врз основа на идентификуваната состојба го подготвуваат планот за развој, односно Акцискиот план.

Методологијата на стандардизирани менторски услуги јасно ги дефинира сите чекори и активности во спроведувањето на истите (управување, теренска работа, бројот на посети, активности во контекст на секоја посета, часовите распределени за подготовка на планови и известување) преку прирачници: Прирачник за општо разбирање на менторството, Прирачник за менторство на зрели претпријатија, Прирачник за менторство на ново-основани претпријатија, како и Упатството за менторство (второ издание).

СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

• Дијагностицирање, за да се разбере моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието;

• Помош при подготовка на развојни активности /акциски план/ови / проекти за да се постигнат целите на деловниот субјект;

• Консултации / советувања, координација и помош во подготовка на потребна документација за пристап до финансиски средства, нови технологии, консултантски услуги и сл., за да се поттикне развојот и унапредувањето на работењето;

• Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки како и останатите достапни програми за поддршка за МСП;

• Помош при изнаоѓање деловни партнери;

• Помош при добивањето на потребните информации;

• Обуки;

• Упатување кај соодветни специјализирани консултанти и донаторки програми

 

Услугата се однесува на бесплатно менторирање на мали и средни претпријатија и се наѓаат во клучен момент за нивниот натамошен развој или опстанок на пазарот.

 

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријави во две категории:

• ново-основани претпријатија - не постари од 3 години од денот на објавувањето на Јавниот повик;

• постојни (зрели) деловни претпријатија - регистрирани пред февруари 2020  година;

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество на Јавниот повик за обезбедување менторски услуги имаат:

Мали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:

  • регистрирани се на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
  • ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси)
  • не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа / лотарија
  • Особено се охрабруваат производствените претпријатија и претпријатија во сопственост/управувани од жени претприемачи да земат учество на јавниот повик

АППРСМ ќе ја отфрли секоја пријава доколку при оценувањето, изборот или склучувањето на Договорот утврди дека Подносителот:

  • поднел некомплетна пријава
  • не ги содржи бараните документи, кои се предуслов за учество на Јавниот повик

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

 

Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат од - 07 април до 30 септември 2023 година.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

1. За ново-основаните претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавувањето на јавниот повик, како и за постојните (зрели) претпријатија, кои се регистрирани пред февруари 2020:

  • Пополнета пријава – Образец 1;
  • Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)
  • Биланс на состојба и Биланс на успех за 2022 година (копија)

АППРСМ го задржува правото да побара, доколку е потребно, од Подносителот и  дополнителна документација, но исклучиво врзано за целите на  поднесување на Пријавата.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично или препорачано  до Регионалните Центри наведени подоле, со забелешка: Барање за јавен повик за добивање менторски услуги во 2023 година.

 

Регионален Центар Скопје
Фондација за развој на мали и средни претприемништва
ул. Партизански Одреди 17, влез 3 (мезанин), 1000 Скопје
e-пошта:
recs@recs.org.mк

Лицa за контакт:
Светлана Киревска svetlanakirevska@gmail.com070 720 580
Евгенија Лисичова
e.lisichova@gmail.com071 530 548

Ленче Јачева, јemisdooel@gmail.com; 078 441 910

Драган Костиќ, d.kostic65@gmail.com; 075 281 040

 

Регионален Центар Велес
Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија
ул. Димитар Вахов 27, 1400 Велес
e-пошта:
rcve@t.mk

Лицa за контакт:
Анита Самарџиева rcve@t.mk075 326 667

Зоран Велковски, zoran.velkovski@gmail.com, 070 380 145

Самоил Малчески, samoil.malcheski@gmail.com; 070 317 336

 

Регионален Центар Битола
Фондација за развој на претприемништво регионална и прекугранична соработка
Бул. 1 Мај бб, 7000 Битола
e-пошта:
rcbt@t.mk

Лицa за контакт:
Никола Димковски
regiobt.mk@gmail.com070 997 084
Милена Димковска
milena.p.mkd@gmail.com071 464 950

Предраг Стојкоски, predrag@solutions.mk, 077 681 579

Гоце Маркоски, goce.markoski@uklo.edu.mk, 071 360 613

Горан Попоски, gpoposki64@gmail.com, 070 353 885

 

Регионален Центар Струмица
Фондација за развој на мали и средни претпријатија
ул. 11 Октомври бб, 2400 Струмица
e-пошта:
rcsr@t.mk

Лицa за контакт:
Марија Ташева
rcsr@t.mk071 201 068
Васка Костадинова
vaska_taseva@yahoo.com078 806 150
Верица Чорев
verica.chorev@yahoo.com077 983 943

Марија Самараков, marija.samarakov@gmail.com, 078 760 469

Регионален Центар Куманово
Фондација за развој на мали и средни претпријатија
ул. Илинденска бб, 3 кат,(поранешен Комитет) 1300 Куманово
e-пошта:
razvojku@mt.net.mk

Лицa за контакт:

Димитар Ташевски, dimitartasevski@yahoo.com; 078 300 605
Игор Георгиев –
eurokiwi@t.mk075 651 790
Сашо Велковски –
sasovelkovskisv@gmail.com071 208 977Јован Стоименовски,- jovan.stoimenovski@gmail.com; 070 380 830

ЕСА Тетово
Фондација за поддршка на претпријатија
Илинденска бб (Блок 87/13, локал 2), 1220 Тетово
e-пошта:
esate@t.mk

Лицa за контакт:
Неби Јусуфи,
esate@t.mk070 329 256
Салајдин Идризи -
esate@t.mk070 224 005

Леарта Јусуфи, learta.jusufi@gmail.com, 070 710 040

 

ЕСА Охрид
Фондација за поддршка на претпријатија
Булевар Туристичка бб (п.фах 129), 6000 Охрид e-пошта: esaoh@t.mk

Лицa за контакт:
Мимоза Поповска
mpm_ds@t.mk 070 391 664
Тони Цветаноски
tcvetanoski21@gmail.com076 437 545

 

Јавниот повик е отворен до 31 Март 2023 година, до 15 часот

Понатамошните процедури се одвиваат согласно Упатството за спроведување на стандардизирани менторски услуги.

Образецот 1 – Пријава можете да превземете на следниот линк

Упатството за спроведување на стандардизирани менторски услуги можете да го превземете на следниот линк

Подетални информации можете да добиете во горе наведените Регионални Центри или во АППРСМ на електронска адреса: mentoring@apprm.gov.mk како и на интернет страната на АППРСМ: http://www.apprm.gov.mk/Mentoring и  https://www.facebook.com/mentoringmacedonia/  или на телефонските броеви: 075 444 092 - Маја Тасева075 204 371 - Елеонора Божиновска; 072 912 679 - Никола Станковски