ЈАВЕН ПОВИК бр. 1/2024

Објавено на - февруари 08 , 2024
 
  АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на член 22 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18); член 12 од Статутот на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2024 година (Сл. Весник 26/2024), Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК (СО ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) бр. 1/2024

за пријавување и избор

 

на организации за деловна поддршка на претприемништвото

за реализација на програмските активности

ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО), ВАУЧЕРСКИ СИСТЕМ НА СОВЕТУВАЊЕ И

СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

1. ИМЕ, ОДНОСНО НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ГИ ДОДЕЛУВА СРЕДСТВАТА

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија со седиште на Кеј Димитар Влахов број 4, 1000 Скопје (во понатамошниот текст Агенција).

 

2. НАМЕНА, ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1 Намена и цел на јавниот повик - Намена на јавниот повик е поддршка на потенцијалните претприемачи и мали и средни претпријатија (во понатамошниот текст МСП) во согласност со Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2024 година, односно имплементација на Ваучерски систем за советување со цел давање поддршка на зајакнувањето на конкурентноста на постоечките мали и средни претпријатија и поддршка на самовработувањето, ширење на ваучерскиот систем за советување како инструмент за подобрување на работењето на секторот на МСП, како и имплементација на стандардизираните менторски услуги како систем за поддршка на МСП за премостување на привремени пречки во работењето, со цел зголемување на бројот на одржливи бизниси со потенцијал за натамошен раст и развој, во согласност со Методологијата за стандардизирани менторски услуги (СМУ).

Целите на јавниот повик, односно на Програмата за ваучерско советување и системот на стандардизираните менторски услуги како поддршка на МСП се:

  • се поголем број на нови фирми да бидат во состојба да преживеат во тек на критичните први години на постоење,
  • се поголем број на фирми да бидат во состојба да остварат повисоки стапки на развој,
  • се поголем број на потенцијални претприемачи да започнат со имплементација на нивниот бизнис (изготвување на бизнис план, регистрација на фирма),
  • формирање на нови работни места и
  • поттикнување на локалниот пазар на советување (консултантство).

2.2. Предмет на јавниот повик. Предмет на јавниот повик е избор на организации за деловна поддршка на претприемништвото кои ќе бидат ангажирани за реализација на Поддршка за самовработување (точка 1), реализација на Ваучерскиот систем на советување (точка 2) и реализација на стандардизирани менторски услуги (точка 3), од Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија во 2024 година, како и други проектни активности поврзани со обуки на потенцијалните претприемачи (невработени лица) и активни мали и средни претпријатија. Точката 1 се реализира во согласност со Оперативниот план на Владата за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, при што Ваучерскиот систем на советување претставува интегрален дел од оваа програма. Задачите и активностите се дадени во придружната документација.

2.3 Условите и процедурите за аплицирање се дефинирани во придружната  документација кон јавниот повик и истата заинтересираните подносители на пријава, може да ја подигнат во просториите на Агенцијата, канцеларија бр. 10, секој работен ден од 10:00 – 15:00 часот или на WEB страната на Агенцијата: www.apprm.gov.mk

 

3. СОДРЖИНА НА ПРИЈАВАТА

Пријавата треба да содржи:

3.1. Општи услови (документи):

  • Име, адреса и седиште на понудувачот,
  • Решение за регистрација и тековна состојба од Централен регистар,
  • Копија од последна завршна сметка предадена во Централен регистар,
  • Уверение за платени даноци издадено од даночните органи,
  • Изјава на понудувачот со која се прифаќаат условите од јавниот повик.

Бараните документи треба да не се постари од 6 месеци од денот на издавањето и да бидат доставени во оригинален примерок или копија заверена од понудувачот.

 

3.2 Посебни услови (со кои понудувачот  ја докажува техничката способност):

3.2.1. Техничка и просторна оспособеност на седиштето на апликантот каде ќе се реализират активностите „Поддршка за самовработување (претприемништво)“, “Ваучерски систем на советување“ и “Стандардизирани менторски услуги“.

Апликантот треба да ги исполнува следните услови:

3.2.1.1.Поседување на соодветен простор за изведување на активностите.

3.2.2.2.Поседување на соодветна информатичка опрема и интернет врска за изведување на предметот на јавниот повик вклучувајќи опрема за презентација.

3.2.2.Обучен кадар со работни биографии и изјави од персоналот кои работат на реализација на предметот на јавниот повик,

3.2.3. Список на реализирани проекти  (обуки, семинари, работилници и други услуги од областа на малото стопанство), кои се во непосредна врска со предметот на јавниот повик,

3.2.4. Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство,

3.2.5.Услужени (менторирани) клиенти/издадени ваучери и/или дадени совети од областа на претприемништвото во изминатите пет години.

 

3.3 Право да поднесуваат понуди имаат институции чиј предмет на работа е поддршка на претприемништвото и малото стопанство, наведени во член 20 од Законот за основање на Агенцијата за претприемништво на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18).

 

 4. ЦЕЛНИ ГРУПИ/КОРИСНИЦИ

Како целни групи кои се корисници на ваучерскиот систем на субценционирано советување и менторските услуги се сметаат невработените лица, потенцијалните претприемачи и МСП.

 

5. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Основни критериуми врз основа на кои Агенцијата ќе ја оценува способноста на организациите за деловна поддршка за извршување на предметот на јавниот повик:

Бр.

Опис

Поени

а)

Обучен кадар

40

б)

Реализирани проекти од областа на претприемништвото

30

в)

Деловна поврзаност со локалните и регионалните институции за поддршка на малото стопанство

10

г)

Услужени клиенти/издадени ваучери/менторирани фирми/ и/или дадени совети од областа на претприемништвото просечно на годишно ниво во изминатите пет години

20

 

6. ДИНАМИКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК:

МАРТ - ДЕКЕМВРИ 2024 година.

 

7. ВКУПНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ПРОГРАМСКИТЕ АКТИВНОСТИ

  • Поддршка за самовработување (претприемништво) – 24.000.000,00 денари,
  • Ваучерски систем на советување 1.700.000,00 денари,
  • Стандардизирани менторски услуги – 3.500.000,00 денари.

Средствата се наменети за исплата на овластени советници/ментори, за административни трошоци на ОДП за реализација на активностите, како и за исплата на експертска комисија за оценување на бизнис планови во рамки на програмата поддршка за самовработување.

 

8. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

 

Пријавите треба да се достават/пристигнат во архивата на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, односно најдоцна до 23.02.2024 година.

 

Пријавата со бараните документи се доставува на следната адреса:

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија

Кеј Димитар Влахов бр. 4, 1000 Скопје.

 

На ковертот треба да биде назначено:

»ПРИЈАВА ЗА ЈАВЕН ПОВИК БР.1 ЗА ИЗБОР НА ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ДЕЛОВНА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – НЕ ОТВОРАЈ«. На задната страна на ковертот задолжително да се наведе името на подносителот.

 

Нецелосните пријави, како и пријавите што ќе се достават или пристигнат по истекот на наведениот рок, нема да бидат разгледувани.


Придружна документација

Дополнителни информации на тел. 02/3120-132

 

                                                                                                в.д. Директор

             Imer Imeri