Успешни приказни од менторството во Република Северна Македонија

ПОЧЕТНА Успешни приказни од менторството во Република Северна Македонија

 

Летра Дизајн

Профил на компанијата: Летра Дизајн ДООЕЛ Охрид, основана  во 1992 година                                                

Дејност : Печатење и издаваштво

Број на вработени:  9

Резултати по спроведеното менторство:

-          Развој на маркетинг стратегија и акциски план

-          Финансиска анализа на севкупното работење на компанијата

-          Обезбедени информации за достапните извори на финансирање

-          Информации и поддршка за успешен настап до нови пазари

 

 

 

 

 

Ле Бранд Дизајн     

 

Профил на компанијата:  Ле Бранд Дизајн ДООЕЛ Битола, oснована  во 2016 година

Дејност : Текстилна индустрија, дизајн и производство на колекции под етикетата “LE BRAND”. Колекциите се мали со ограничено производство, но ексклузивност.

Број на вработени:  2

Резултати по спроведеното менторство:

-          Изработка на акциски план за следни активности и проширување на дејноста во едукативни цели, училиште за дизајн

-          Развој на искуство и вештини за изработка, продажба и извоз на странскиот пазар

-          Запознавање со царински и финансиски процедури

-          Воспоставување на стабилни партнерства за соработка на странски пазари

 

Изида

Профил на компанијата: Изида Дооел – Охрид, основана  во 1994 година                                        

Дејност : СПА центар  со ласерска и радио технологија и професионален тим од физиотерапевти, козметолози и естетичари

Број на вработени:  8

Резултати по спроведеното менторство:

- Дефинирање на визијата и мисијата на компанијата и изработка на акциски план за нивна реализација                                   

- Препораки за подобрување на работењето на компанијата, со акцент на клучните точкана управување со човечките ресурси - преку вклучување на вработените за  подобро разберање на нивните потреби

   - Воведување на алатки за подобрување на работата на вработените со цел зголемена мотивираност и постигнување на повисоки резулати и задоволност на клиентите

 

Хотел Скардус

 

Профил на компанијата: Хотел Скардус  ДОО Попова Шапка – Тетово, основан  во 2013 година                                                

Дејност: Угостителски услуги (хотел и ресторан)

Број на вработени: 10

Резултати по спроведеното менторство:

- Идентификување и планирање на инвестиции во деловниот објект

- Планирање на активности за воведување на нови услуги

- Подобрени маркетинг активности

- Воспоставена соработка со домашни и странски туристички агенции

- Подготовка на квалитетни апликации за учество на проекти подржани Министерство за економија.

 

 

Ескон-Инжинеринг

Профил на компанијата: Ескон Инженеринг ДООЕЛ Струмица, oснована  во 2010 година

                                                

Дејност : Изведба на електрични инсталации, системи за видео надзор, алармни системи и интегрирани системи за управување за домашни и станбени инсталации

Број на вработени:  9

Резултати по спроведеното менторство:

- Подобрување на магацинското работење преку имплементација на стандард за квалитет ИСО 9001

- Влез на компанијата на странски пазари

- Активности за обезбедување на кофинансирање на трошоците за воведување на иновативни производи и услуги преку апликација кон Фондот за Иновации и Технолошки Развој

- Зголемен број на вработени од 7 во 2018 до 9 вработени во 2020 година

 

Ани Комерц

Профил на компанијата: Ани Комерц ДОО Скопје, основана во 1992 година

                                                

Дејност : Производство и продажба на украсни ќеси и кутии (прва компанија во Македонија која почнала да се занимава со оваа дејност)

Број на вработени:  2

Резултати по спроведеното менторство:

               - Анализа и детектирање на  клучните точки за развој на претпријатието

               - Развивање на активности на соработка  во бизнисот, технологијата и науката

               - Изготвен акционен план за развој на работењето на претпријатието

               - Изготвен маркетинг план за за општо подобрување на маркетинг промоција                                        

               - Вклучување експерт за дизајн за врвен дизајн и квалитетно печатење, дизајн на лого, брендирање, пакување, изработка на постери, флаери и слично

 

Ана Турс Интернационал

 

Профил на компанијата: Ана Турс Интернационал Битола, oснована  во 1989 година

                                            

Дејност : Туристичка агенција – една од првите туристички агенции во Македонија

Број на вработени:  6

Резултати по спроведеното менторство:

-Развој на акциски план за следење на активностите и промовирање на специјализирана продажба на аранжмани и резервирање на авио карти преку високо софистициран систем

-Развој на мисијата на компанијата со цел обезбедување на квалитетни туристички услуги и производи на клиенти во земјата и надвор од неа преку сопствениот високо обучен и искусен персонал и системи за резервации

- Зголемена препознатливост на агенцијата како оператор кој обезбедува добро организирани патувања и хотелски резервации во земјата и светот, но и индивидуални програми направени според желбата на клиентите со нови и модерни превозни средства